Граѓаните ќе добијат парно - „Скопје Север“ го реши проблемот со гасот

„Скопје Север“ го реши проблемот со снабдувањето со гас потребен за функционирање на грејниот систем во домаќинствата и основните училишта на територија на Општина Чаир, информираа од општината.

Топланата изминатите неколку дена имаше проблем со обезбедување на гаранција за снабдување со гас. Од Топланата тврдеа дека голем број корисници на топлинска енергија, меѓу кои и општината не ги плаќале редовно сметките што била причина за нередовно снабдување со гас