Граѓаните ги менуваат навиките кога е греењето во прашање – наместо дрва, пред почетокот на грејната сезона се купуваат инвертер клима уреди

Минатата грејна сезона, постојано се зборуваше и се ставаше акцент на тоа дека греењето на дрва е еден од најголемите загадувачи на воздухот.

Град Скопје постојано беше пред другите градови, кога беше во прашање загаденоста.

Но, пред почетокот на новата грејната сезона, се случува нешто друго. Наместо купување на дрва за огрев, многу семејства се одлучуваат да купуваат инвертер клима уреди со кои ќе се греат оваа сезона.

Без никакви спроведени мерки од страна на надлежните, граѓаните самите се свесни.

-На мене ова ќе ми биде втора година по ред, како ќе се греам на клима. Минатата година, беше помека, не беше толку студена како претходната, но ни беше добро. Од сметката за струја ни доаѓаа некои 1500 денари плус, што воопшто не е многу. Еден кубик дрва чини повеќе о 3000 денари. А вака топло ни е , домот ни е чист, а и не ја загадуваме околината, раскажува Љубе од Маџари.

-До лани се греевме на дрва, но оваа година ќе почнеме на клима. Ќе видиме како ќе биде. Гледам сите соседи околу мене се греат на клими, и се задоволни, се надевам дека ќе биде така и со нас, вели Драги.

Увозниците тврдат дека оваа година има особено голем интерес пред почетокот на грејната сезона. Инвертер климите греат до -25 степени.

Цените во зависност од моделот, се движат од 20.000 до 50.000 денари.