Граѓаните до полицијата: Ако не го викнете градоначалникот за пола саат, ќе гори цела населба (видео)

Ако не го викнете градоначалникот на Ѓорче Петров, Александар Наумоски, за половина час, ќе гори цела населба, му рекоа собраните граѓани на заменик командирот од полициската станица Ѓорче Петров, кој пристигна на улицата Борис Серафов, за да ги слушне барањата на граѓаните.

Како што пренесува Макфакс, тие веднаш вербално го нападнаа, прашувајќи зошто се одбиени нивните молби за поставување на семафор и легнати полицајци.

„По којзнае кој пат бараме мирно да се реши овој проблем. Но овој пат, доколку не се случи тоа, ќе започнеме радикални дејствија“, порачаа собраните.

Околу стотина граѓани излегоа на улицата Борис Серафов, пред одновното уличиште „Мирче Ацев“ во скопската населба Ѓорче Петров, каде вечерва беше прегазено 10-годишно момче.