„Граѓанин Европа“ документарен филм за учесници во Еразмус програмата кои работат, учат и волонтираат низ Европа

МакеДокс и Филолошки факултет „Блаже Конески“ - Скопје при Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје со радост ја продолжуваат соработката со мајска проекција на Citizen Europe со поддршка од Moving Docs и Goethe-Institut Skopje.

„Упатуваме покана до сите патувачи и сонувачи, љубопитни за нови искуства, нова култура, нов живот, а и оние кои не се, можеби ќе се предомислат. Покана до сите поранешни и идни учесници на Еразмус од сите возрасти.

Резервирајте си го 21ви мај за во Амфитеатар 3 на Филолошки. Учесниците во дискусијата по филмот, која ќе ја модерира г-а Тања Кригер, директорката на Гете-институт, ќе ги објавиме дополнително.

Документарниот филм „Граѓанин Европа“ раскажува пет приказни на учесници во Еразмус програмата кои работат, учат и волонтираат низ Европа. Младите протагонисти за прв пат ги напуштаат своите домови за да си докажат дека можат да преживеат во непозната средина. Млади од Франција, Германија, Полска, Бугарија и Етиопија патуваат за Литванија, Финска, Грција и Ирска и мораат да се адаптираат на различни култури и менталитет.“, пишува на нивната фејзбук страна.