Граѓани бараат спас за животно кое се измачува

На социјалните мрежи граѓани бараат помош за да се спаси изнемоштен коњ кој се наоѓа во населбата Злокуќани во близина на телевизијата „Канал 5 “. Во објавата тие наведуваат дека кутрото животно е додатно малтретирано од сопствениците со цел понатамошно негово експлоатирање и покрај тоа што тоа е во многу лоша здравствена состојба.