Градското кино Милениум ќе добие ново платно

По многу години, во градско кино Милениум ќе биде поставено ново платно со кое ќе се овозможи подобрување на квалитетот на сликата. Средствата се обезбедени од буџетот на Град Скопје, од каде што имавме целосно разбирање и поддршка за подобрување на условите на киното и потребите на најважните - публиката.

Не толку лошата вест - платното ќе се поставува во периодот од 5-ти до 7-ми септември и тогаш киното нема да работи.

Веќе од сабота, 8-ми септември, со нови наслови на репертоарот и сами ќе може да проверите дали тоа навистина е така.