Градскиот трговски центар утре без вода

Од скопски Водовод известуваат дека утре (среда) поради уличен дефект Ф-80мм на ул.Филип Втори пред ГТЦ во населба Центар, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од ГТЦ.

Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:00 часот до санирање на дефектот.