Градскиот парк - урбана оаза за рекреација на скопјани

Градскиот парк во Скопје е омилено место за рекреација на голем број скопјани од сите генерации. 

Прошетки, спортиски активности, пикник...се дел од активностите на кои скопјани им се посветуваат, најчесто во деновите од викендот. 

Градскиот парк сега доби и нови лед светилки, соопштија од Град Скопје. 

Инаку летово беше завршена и втората тартан патека што е оформена околу големото езеро во вториот дел од Градскиот парк, во еден од најживописните делови на паркот, која е наменета за сите граѓани, а не само за професионални спортисти.

Двете патеки може да се користат и во вечерните часови бидејќи се соодветно осветлени, велат надлежните. 

Дополнително, околу патеката е поставена и соодветна урбана опрема и придружни содржини - инфо табли, чешми, клупи и корпи за џебен отпад .

Во градскиот парк беа реконструирани и пешачките мостови.