Градскиот инспекторат изврши засилена контрола во реонот на населбата Лисиче

Инспекторатот на град Скопје изминатите денови изврши засилена контрола во реонот на населбата Лисиче.

Контролата се спроведе со комбинирани тимови на инспектори за животна средина, комунални инспектори и комунални редари. Лоцирана е куќа каде во дворот се вршело недозволено спалување на кабли, пластика и секаков вид на материјал. Покрената е постапка и сторителите ќе бидат соодветно казнети.

Засилените контроли продолжуваат и во наредниот период. Апел до граѓаните секое незаконско дејствие да го пријавуваат до надлежните органи.