Градскиот дувачки оркестар во вторник со традиционален новогодишен концерт

Во Младинскиот културен центар во Скопје, на 12 декември (вторник), во 19 часот, Градскиот дувачки оркестар ќе го одржи својот традиционален новогодишен концерт.

Според најавената програма, ќе бидат изведени 16 композиции, меѓу кои Just The Way You Look Tonight, Final count down, In The Mood и New York, New York. За бис предвидена е изведбата на „Радецки марш“ од Штраус.

Влезот на концертот е слободен.