Градски трговски центар: Нападната и ограбена возрасна скопјанка

Министерството за внатрешни работи информира дека вчера 09.15 часот во СВР Скопје, В.З.(63) од Скопје пријавила дека околу 08.15 часот во Градскиот трговски центар Скопје едно лице физички ја нападнало и ѝ одзело чанта со пари и лични предмети.

Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.