Денес, службите на „Градски паркинг-Скопје“ поставија вертикална сигнализација за означување на обележаните места за паркирање на лицата со попреченост, на јавна површини наменета за паркирање- зона Д9, Аеродром.
- Поставувањето на сигнализацијата се изврши со цел да им се овозможи на лицата со попреченост побезбедно и непречено користење на паркинг местата, како и подобро функционирање во општината. Вертикланата сигнализација се постави на вкупно 7 паркинг места за лица со попреченост на зона Д9, кои претходно беа обележани со хоризонтална сигнализација, информираа оттаму.
- Апелираме до корисниците на нашите услуги да не ги паркираат своите возила на означените места за лица со попреченост и ги отстапат на тие на кои им се најпотребни. Исто така, истакнуваме дека сите возила кои не ги исполнуваат условите за лица со попреченост, а кои ќе бидат затекнати на означени паркинг места за лица со попреченост, ќе им се постави блокатор на тркало и ќе бидат отстранети со специјално возило пајак, порачаа од скопскиот Градски паркинг.