Градски паркинг- Скопје од денеска со ново работно време за зоните за паркирање

Јавното претпријатие Градски паркинг- Скопје соопшти дека од денеска (среда) започнува зимско сметање на работното време на јавните површини наменети за зонско паркирање со кои стопанисува претпријатието.

Работното време во зоните А, Б, Ц ќе биде:

– Од понеделник до петок: 07:00- 21:00 часот,

– Сабота: од 07:00-14:00 часот.

На јавната површина наменета за паркирање зона Д, работното време останува непроменето, односно:

– Од понеденик до сабота: од 07:00- 23:00 часот.

„Им препорачуваме на сите корисници на нашите услуги да бидат внимателни и навремено да извршат наплата при паркирање согласно наведеното работно време“, порачаа надлежните.