Градски парк: Исушено дрво прерасна во убава куќичка (ФОТО)

Деновиве екипите на ЈП „Паркови и зеленило“ изработија куќичка од трупецот на едно старо исушено дрво во Градскиот парк.

Идејата е, во иднина, наместо стеблата на сувите или болни дрва да се сечат до земја, да прераснат во разни интересни форми, кои се надеваме дека ќе претставуваат радост за сите минувачи, велат од јавното претпријатие.