ГРАДСКИ БИЛТЕН: Утре не одете во Ѓорче Петров, невремето започна - погледнете ги температурите

Невремето започна: Погледнете ги температурите

Во Скопје претпладне претежно сончево и топло, попладне наоблачување кое во доцните попладневни и во вечерните часови ќе услови врнежи од дожд. Слаб југоисточен ветер. Утринската температура од 20 степени, а максималната дневна до 34 степени. 

Невремето започна во некои градови во Македонија. Ова се моменталните температури.

Утре времен сообраќаен режим на улица Ѓорче Петров

Градот Скопје ги известува сите учесници во сообраќајот дека од утре  ќе биде воспоставен времен сообраќаен режим на улицата „Ѓорче Петров“ поради градежни активности.

Возилата од Јавниот градски превоз кои ги опслужуваат линиите 2, 2А, 5, 5А, 12, 11, 32, 56, 56А и 60 кои се движат од Центар кон Дексион, односно од исток кон запад ќе бидат пренасочени од улица Ѓорче Петров  по булевар „Македонска војска“, улица Борис Сарафов (4 Јули), улица Кузман Шапкарев и продолжуваат по својата траса.

За време на траење на овој режим ќе се користат времено поставените автобуски стојалишта на улица „Борис Сарафов“.

Во спротивна насока, од Дексион кон Центар или во правец запад-исток автобусите ќе ја користат постојната траса по улица Ѓорче Петров.