Градската библиотека “Браќа Миладиновци: Коста Петров, најчитан македонски автор за 2017

Писателот Коста Петров е прогласен за најчитан македонски автор за 2017 година во мрежата на ЈУ Градска библиотека “Браќа Миладиновци”- Скопје.

Комисијата својата одлука ја донесе врз база на резултатите добиени од системот ЦОБИСС, за најпозајмуван автор во сите централни библиотеки и подрачни единици на библиотеката.

Во рамките на манифестацијата која ќе се случи денеска во Библиотеката “Браќа Миладиновци" ќе бидат доделени и благодарници на институции и поединци за успешна соработка во 2017 година.

Коста Петров е еден од најпродаваните македонски автори. Неговите три книги: “Се гледаме на врвот", “Стравот" и “Нашето последно кафе” се продадени во над 20.000 примероци за помалку од три години.