Градот убав како монистра: Поглед од високо на новогодишната магија во метрополата

Со вчерашното отворање на новогодишната населба „Винтерленд“ и светнувањето на новогодишната елка на плоштадот „Македонија“ симболично се означи почетокот на новогодишните празнувања во Скопје.

Новогодишната населба доби куќички украсени во зимски амбиент, катчиња за забава за најмладите, како и мала сцена за настани наменета за посетителите од сите возрасти на која во претстојниот период ќе се одржува богата културна програма. Градот Скопје за оваа намена ќе потроши 260 илјади евра. 

Повеќе фотографии од новогодишното украсување во Скопје погледнете на инстаграм профилот на Скопје Инфо, а во продолжение следуваат фотографии направени со дрон кој совршено ја доловуваат магијата во метрополата: