Градот со видео докажува дека утрово се прскало во Скопје

Денеска почна третото продолжено и засилено прскање против комарци во Скопје. Градот Скопје со видео докажува дека утрово се прскало во главниот град. 

Заради зголемените врнежи во изминатиот период се создаде поволна клима за брзо размножување на комарците, па Град Скопје одлучи третото прскање наместо два дена да трае 4 дена со што се зголемува интензитетот на заштита, се вели во соопштението од градот. 

Третото авионско прскање против возрасни форми на комарци денеска се изврши во раните утрински часови, а ќе се одвива и во наредните три дена, односно до 13 август (понеделник). Потоа, прскањето ќе продолжи од земја и ќе се одвива во деновите од 13 август до 17 август (од понеделник до петок), во период од 23 до 04 часот, наредниот ден.

По ова продолжено и засилено прскање Град Скопје ќе изведе уште две прскања против комарци што се планирани кон крајот на август и на почетокот на септември, додаваат од градот.