Градот Скопје продолжува со доделување субвенции за чистење на оџаците

Градот Скопје продолжува со доделување субвенции за чистење на оџаците, со цел намалување на загадувањето на амбиентниот воздух.

За таа цел Град Скопје го објави Јавниот повик за субвенционирање на домаќинства и на други субјекти на подрачјето на Град Скопје за чистење оџаци за 2019 година.

Со овој повик, Градот Скопје ќе надомести дел од трошоците на домаќинства и на други субјекти за чистење на оџаците, во износ од 1.000 денари, а на јавниот повик можат да учествуваат физички и правни лица чие живеалиште, односно седиште е на подрачјето на Град Скопје.