Градот Скопје објави повик за субвенционирана набавка на електрични скутери и велосипеди

Градот Скопје денеска распиша Јавен повик за субвенционирање на граѓаните на подрачјето на градот Скопје за купување електрични тротинети во 2019 година, како и втор Јавен повик за субвенционирање на граѓаните на подрачјето на градот Скопје за купување велосипеди во 2019 година.

Јавниот повик за субвенционирање на граѓаните на подрачјето на градот Скопје за купување електрични тротинети во 2019 година ги опфаќа сите граѓани (жители) на Град Скопје кои ќе купат нов електричен тротинет купен во Република Северна Македонија, од 01.01.2019 година се до исцрпувањето на буџетот наменет за Јавниот повик, или не подоцна од 30.11.2019 година. Со овој повик се предвидува Град Скопје да надомести дел од средствата за набавка во износ од 30% од вредноста на електричниот тротинет, но не повеќе од 7.000 денари по лице, со вклучен персонален данок на доход..

Средствата што Градот Скопје ќе ги субвенционира за велосипеди се во износ од 50% од вредноста на велосипедот, но не повеќе од 3.000 денари по лице, со вклучен персонален данок на доход, а јавниот повик ќе биде реализиран по принципот „прв дојден, прв услужен“.

Повеќе информации граѓаните може да добијат на официјалната веб страна на Градот Скопје.