Градот Скопје испрати екипа на Противпожарната во Газиантеп

Како првична и интервентна мерка градот Скопје испрати екипа на Територијална противпожарна бригада на Град Скопје кон Газиантеп каде ќе биде ставена на целосно располагање на турските власти за сите потреби на спасувачката акција, информираа денеска од Град Скопје. 

На утрешната седница на Советот на град Скопје предложена е и точка на дневен ред за одобрување на 6 милиони денари првична хуманитарна помош за Турција и Сирија.

-Во контакт сме и со локалните власти од Газиантеп, и се што ќе произлезе како потреба на тамошните власти, градот Скопје го става на располагање. Скопје знае што значи солидарност. Скопје е град на солидарноста!, порачаа денеска од Град Скопје.