По повод денешниот празник Благовец првиот човек на општина Ѓорче Петров Александар Стојкоски денеска беше меѓу сограѓаните во црквата Св.„Петар и Павле каде“ богослужба одржа Архиепископот Охридски и Македонски г.г Стефан.
-Овој ден е и можност да се прослави нашата вера, да се помолиме за светлината на Божјата мудрост и да се почувствуваме како дел од Божјата црква. Секогаш е задоволство ваквите празници да ги поминувам меѓу моите сограѓани и заеднички да се молиме за здравје и благосостојба за нас и нашите блиски, порача градоначалникот Стојкоски.
Тој го честита празникот на сограѓаните и на оние кои денеска слават именден.