Градоначалникот Стојкоски и заменик-министерот Велковски со дечињата од градинката „Росица“ денеска засадија цвеќиња

Градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски информираше дека денеска со дечињата од градинката „Росица“ и во придружба на заменик-министерот заменик-министерот за социјална политика, демографија и млади, Ѓоко Велковски засадиле цвеќиња во знак на почетокот на пролетта.

„Со дечињата од градинката „Росица“, заедно со заменик-министерот Ѓоко Велковски, денес не засадивме само цвеќиња - засадивме љубов, грижа и вредности. Нивните мали раце покажаа колку големи работи можат да создадат“, сподели Стојкоски во објава на Фејсбук.

Тој нагласи дека тие се иднината и дека токму од нив треба да учиме како се сака и чува природата.