Градоначалникот Шилегов откри во кои делови ќе се шири градот во иднина

Скопје по природниот развој на нештата во наредните 30 години веројатно ќе има повеќеод 800 илјади жители.  Десната страна на Вардар е преурбанизирана и поради тоа жителите одбираат да живеат во тој дел од Скопје. Ова во вчерашното интервју на Топ Тема го изјави градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов.

Во таа насока градоначалникот Шилегов најави дека во следниот период ќе се работи на развој на т.н. секундарниот северен прстен.  

Тоа е новиот булевар „Босна и Херцеговина“ кој веќе е споен со булеварот „Момин Поток“, петљата кај Момин Поток, булеварот „Никола Карев“ кој се спушта покрај касарната „Илинден“ и продолжување на булеварот „Словенија“ до Волково, во исто време ја најавувам изградбата на мостот во Карпош 4 кој во прва фаза се спојува со улицата „Скупи“, а во втора фаза и со булеварот „Словенија“, додаде тој.

Шилегов истакна дека верува во стратешки развој, а не во импровизација и додаде дека мора да се остави стратегија за развој на градот.