Градоначалникот на општина Центар, Саша Богдановиќ положи цвеќе пред бистата на првоборецот Гајдик

Градоначалникот на општина Центар, Саша Богдановиќ заедно со амбасадорот на Република Чешка, Мирослав Томан и претставници од Сојузот на борци на Центар, пензионерите и претставници на Урбаната заедница “Роберт Гајдик-Славко“, положија свежо цвеќе пред бистата на борецот во НОБ, Роберт Гајдик по повод 77 години од неговата смрт.

– Роберт Гајдик, роден во Злин, тогашна Чехословачка, истакнат борец во Народно-ослободителната борба, е приведен во селото Суви Дол во Косово и јавно стрелан во Липљан. Гајдик за нас, но и за генерациите што доаѓаат, останува јасен патоказ и симбол на истрајноста и борбата против окупаторот и окупациските сили – напиша градоначалникот Богдановиќ на неговиот фејсбук-профил.