Градоначалникот на Кисела Вода покани жителка во својот кабинет за да го решат нејзинито проблем

Градоначалникот на Кисела Вода Орце Ѓорѓиевски утрово гостување во Утринската на ТВ Телма, каде се јави жителка на Кисела Вода која се пожали на проблем со легализација. 

По завршувањето на емисијата оваа скопјанка беше поканета во градоначалничкиот кабинет лично од првиот човек на општината. 

-Бидејќи природата на мојата работа, но и на мојата личност е проблемите да се решаваат веднаш, оние кои се решливи секако и да не се ставаат под тепих, уште веднаш, во текот на емисијата ја повикав по завршување на гостувањето да дојде во општина и да го разгледаме нејзиниот предмет, да утврдиме дали се работи за пропуст во документација или пак постои некоја правна пречка. Со госпоѓа Христина и службите на општината седнавме во мојот кабинет, а од страна на моите соработници беше констатирано дека предметот веднаш ќе биде детално разгледан со цел да се дојде до решение, повторувам - доколку не постои никаква правна пречка, порача Ѓорѓиевски. 

Тој потсети дека изминатата година биле решени сите легализации за кои беше поднесена целосна документација.

- За госпоѓа Христина и за сите мои сограѓани вратите на општината се секогаш отворени. Времето на недопирливи заврши, како што завршува и времето на градоначалник а потоа треба да се погледнеме повторно во очи и да останеме добри пријатели. Во Кисела Вода испишуваме нова страница во која ќе живее задоволен народ. Тоа е нашата мисија, дециден е градоначалникот на Кисела Вода.