Градоначалникот на Карпош, Јакимовски, позитивен на ковид-19

Градоначалникот на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски, на Фејсбук соопшти дека добил позитивен тест на коронавирусот.

-Почитувани граѓани, сакам да ве известам дека денес направив тест за COVID-19 и сум позитивен на коронавирусот. Иако ги почитуваме сите протоколи, како општинска администрација не можеме комплетно да се изолираме и да ги занемариме проблемите на граѓаните, па вирусот не нѐ заобиколи. Ве замолувам сите кои бевте во контакт со мене овие денови да бидете совесни, да ги следите протоколите за самоизолација и да ги преземете сите потребни мерки. Јас се чувствувам добро и се надевам дека наскоро ќе се вратам на обврските во Општина Карпош!, напиша Јакимовски на својата фејсбук-страница.