Градоначалникот на Илинден Жика Стојановски ги посети средношколците од општината, им посака среќен почеток

По повод приемот на новите 68 средношколци во двете паралелки за електротехника и информатика, комуникациска технологија и автоматика, градоначалникот на општина Илинден, Жика Стојановски, го посети Средното општинско стручно училиште „Илинден“, каде што од прва до четврта година се образуваат вкупно 260 ученици во 8 паралелки.

Првата генерација ученици во ова училиште, запишани во учебната 2013-2014 година веќе го заврши образованието, дел од нив отпочнаа со работа во производствените погони на стопанските субјекти во општина Илинден, дел се запишаа на факултетите во нашата земја, додека има и ученици кои се запишаа на престижни европски универзитети.

-Квалитетните услови за образование и реализирање на образовниот процес, како и добрите насоки, овозможија голем интерес кај учениците, што придонесе училиштето да биде пополнето до последното столче, за разлика од други средни технички училишта каде што паралелките се речиси преполовени. Потврда за ова се и одличните резултати што учениците и професорите од средното општинско училиште „Илинден“ ги постигнуваат на натпреварите на млади истражувачи од Република Македонија-Наука на млади, освојувајќи први места. Ова е индикатор за успешноста и оправданоста од реализацијата на овој капитален проект во општина Илинден. Во­ве­ду­вањето на сред­но обра­зо­ва­ние е ре­зул­тат на изградбата на нова училишна зграда со површина од 2.300 метри квадратни, изградена во 2012 година, која прет­ста­ву­ва ви­со­ко енер­гет­ско-ефи­ка­сен објект, со ино­ва­ти­вен прис­тап и во­ве­де­ни но­ви тех­но­ло­гии и еко­лош­ки ма­те­ри­ја­ли, греење и ла­дење со алтер­на­тив­ни изво­ри на енер­ги­ја, со иско­рис­ту­вање на топ­лин­ска­та енер­ги­ја од под­зем­ни­те во­ди, опремено со модерни лаборатории, компјутери, гардеробери и се друго што е потребно за квалитетно образование, истакнуваат од општината.

Избо­рот на на­со­ки­те во учи­лиш­те­то е плод на успеш­на­та со­ра­бот­ка на ло­кал­на­та са­мо­уп­ра­ва и биз­нис-сек­то­рот во општи­на­та.

Токму пот­ре­би­те од со­од­ве­тна стручена работна сила за сто­пан­ство­то во општи­на­та беше директен инпут за про­фи­ли­рање на млади кадри кои вед­наш по зав­ршу­вање на средното образование ќе би­дат оспо­со­бени да се вклу­чи во про­из­вод­стве­ни­те про­це­си.

Оваа прак­ти­ка од по­о­дам­на поз­на­та во све­тот, за прв пат во на­ша­та зем­ја се при­ме­ну­ва ток­му во општи­наа Илин­ден, бла­го­да­рение пред се на доб­ра­та со­ра­бот­ка на ло­кал­на­та са­мо­уп­ра­ва со биз­нис-за­ед­ни­ца­та и Министерството за образование и наука.

Во насока на подигнување на нормите, вредностите и стандардите во образованието, како и подобрување на квалитетот и ефикасноста на стручното образование од 2014 година досега Општина Илинден потпиша Меморандуми за соработка со компаниите МЕПСО, Џонсон контролс, Џонсон мети, Ван Хол, Кемет електроникс, Витек Македонија и ОКТА,со што обезбеди практична настава и обука во нивните капацитети за учениците од Седното општинско стручно училиште „Илинден”.