Градоначалникот на Ѓорче Петров денеска садеше дрвја

Градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Наумоски, денеска садеше дрвца.

„Еден од приоритетите на градоначалникот е зачувување на животната средина и пошумување на сите слободни општински простори, со што видно ќе се подобри квалитетот на живеење, но и ќе се придонесе за поквалитетен воздух. Во период кога имаме зголемено загадување на воздухот и се бориме против тоа и затоа што општината важи за една од еколошките средини во Скопје, тенденција е да се засадуваат што поголем дел од слободните површини“, соопшти Општината.

Од таму велат дека деновиве се засадени стотина нови повеќегодишни растенија со висок квалитет, со старост повеќе од 10 години и оформен коренов систем.