Градоначалникот на Гази Баба додели 20 стипендии за талентирани спортисти и ученици од основните училишта

Градоначалникот на општина Гази Баба, Борис Георгиевски додели 20 стипендии за талентирани спортисти и ученици од основните училишта од општина Гази Баба, за учебната 2017/2018 година.

– Драги ученици, ваша работа е да учите, да се надградувате, а наша обврска е да ви направиме квалитетни услови за учење и за одвивање на воспитно – образовниот процес. Со квалитетен воспитно образовен и стручен кадар, со адекватни услови за работа, со мотивирани ученици, доаѓаат и одличните резултати во образованието – се обрати градоначалникот Георгиевски на присутните ученици.

Тој напомна дека во тек е изградба на новото основно училиште „Вера Јоциќ“ во Хиподром, а во план е реконструкција на основното училиште „Крсте Мисирков“ во Ченто, изградба на две училишни спортски сали во Хиподром и Стајковци, како и санација на сите основни училишта.

На крајот, градоначалникот Георгиевски на сите им ги честита престојните новогодишни и Божиќни празници и им посака многу здравје, среќа и успеси во наредната година.

Стипендии за најталентирани спортисти добија учениците: Петар Давидовски, Ана Пејиќ, Борјан Давковски, Милијана Рељиќ, Елеонора Митковска, Мерис Зверотиќ, Едон Реџепи, Никола Јорданов, Ангела Димитриевски.

Стипендии за најталентирани ученици добија: Марија Петковска, Драган Николовски, Филип Велковски, Павел Наневски, Стефан Савиќ, Ангела Влинтовска, Сара Тошевска, Сања Филиповска, Антонио Илиоски, Марија Филипова, Трингла Емини