Градоначалникот на Центар, Саша Богдановиќ подели пакетчиња во Центарот за церебрална парализа

По повод празнувањето на Стара нова година, градоначалникот на општина Центар, Саша Богдановиќ ги изненади децата од Дневниот центар за церебрална парализа со новогодишни пакетчиња.

– Со песна и со убава дружба, со дечињата од Дневниот центар уште еднаш си ја честитавме Новата година, која заедно ќе ја исполниме со многу радост и среќа. Им посакав годинава да имаат многу здравје, храброст и одлучност во нивната најважна животна битка, вели Богдановиќ.