Градоначалникот на Бутел со отчет за „Работното лето 2022“

Градоначалникот на Општина Бутел, Дарко Костовски, ги соопшти активностите кои се сработени во како што го нарече „Работно лето 2022“. 

Тој на официјалната Фејсбук страница даде отчет за сето сработено за време на летните месеци, односно првото работно лето во Општина Бутел откако тој е градончалник. Рече дека биле реализирани голем број на проекти и исполнети ветувањата дадени кон граѓаните.

„Ивестиравме во патната инфраструктура како никогаш до сега, се реконструираа голем број на улици а некои за прв пат добија и асфалт. Секое населено место доби нова патна инфраструктура.

Целосно реконструирана е улица Скоевска во должина од 2000 метри, моментално целосно се реконструира улица Бутелска која беше децениски проблем за бутелчани.

Инвестиравме во спортот, во нови спортски комплекси, нови фудбалски игралишта.

Продолживме со нови инвестиции во образованието во општинските основни училишта.

Започна со изградба и нова градинка во општина Бутел“, рече Костовски. 

Тој додаде, дека крајот на летото не значи и крај на проектите. Напротив

-Продолжуваме со посилна динамика и со реализирање на ветените проекти кон нашите сограѓани. За многу скоро ќе бидат завршени уште два нови спортско рекреативни комплекси, ново модерно игралиште во Бутел 2, ќе се асфалтираат улици согласно временските можност и многу други проекти кои граѓаните на општина Бутел ги очекуваат. Со динамична работа, посветено, искрено и чесно го менуваме ликот на општина Бутел! - истакна Костовски.