Градоначалникот на Бутел оствари средба со амбасадорот на Словенија

Градоначалникот на Општина Бутел, Дарко Костовски, оствари средба со амбасадорот на Република Словенија Н.Е. Милан Предар. 

Тој истакна дека со амбасадорот разговарале за неколку актуелни теми. 

-Главен фокус на состанокот беше економската соработка и нови инвестиции во Општина Бутел. Разговаравме за потенцијални инвеститори кои ќе вложат во нашата општина. На овој работен состанок беа презентирани погодностите кои Општина Бутел ги нуди, како средина која има најдобра местоположба, одлична патна инфраструктура и индустриски зони кој одговараат на потребите на компаниите. Се разгледуваше и можноста за наши проекти кои може да ги поддржи Република Словенија и истите да ги помогне за аплицирање во ЕУ и ИПА фондовите. - напиша Костовски на неговата Фејсбук страница.

Додаде дека ќе се продолжи со зацврстување на пријателскиот однос помеѓу двете земји.