Градоначалникот Митко Јанчев пријавил сограѓанин, му се заканувал преку социјални мрежи и по телефон

Градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев вчера пријавил закани од страна на сограѓанин информираа од Секторот за внатрешни работи - Велес.

„Вчера во 14:05 часот во ОВР - Кавадарци, М.Ј., на возраст од 43 години - градоначалник на општина Кавадарци, пријавил дека Н.Ј. на социјална мрежа и на телефон му упатувал закани. Се работи на расчистување на случајот“, појаснија од СВР - Велес.