Градоначалникот на Аеродром Златко Марин денеска ја посети градинката „Срничка“ каде што од директорката на градинката Александра Јелиќ беше информиран за одвивањето на воспитно-згрижувачкиот процес во услови на пандемија.
Општина Аеродром соопшти дека во градинката вкупно се запишани 774 деца, а во моментов се згрижени 438, меѓу кои нема сомнителни на КОВИД-19.
– Се радувам што се почитуваат и се спроведуваат сите здравствени протоколи за прием и згрижување деца. Многу е важно да се почитуваат мерките за заштита и да се зачува јавното здравје, изјави градоначалникот Марин.