Градоначалникот Богдановиќ подели новогодишни пакетчиња

Триесет и шест деца од Дневниот центар за лица со церебрална парализа, од градоначалникот на општина Центар добија новогодишни пакетчиња, кои се донација од амбасадата на Р. Бугарија во Скопје.

Со изградбата на новото основно училиште во Капиштец, за овие деца општината обезбеди простор кај основното училиште “11-ти Октомври“ каде што привремено ќе престојуваат до изградбата на новото училиште.

Тие ќе добијат најсовремени услови и учење во новото центарско училиште, кое ќе биде прво во регионот што обезбедува инклузија.

Богдановиќ донираше новогодишни пакетчиња на децата со оштетен вид, децата со Даунов синдром и на децата кои се лекуваат на Детската клиника при Клиничкиот центар.