Градоначалничката на Арачиново и нејзината ќерка повредени во сообраќајка

Градоначалничката на Арачиново, Миликије Халими, доживеала сообраќајна несреќа во Приштина за време на семејно патување, се наведува на официјалната интернет-страница на Општина Арачиново.

Во возилото била и нејзината ќерка.

Градоначалничката има мала повреда, а нејзината ќерка е надвор од животна опасност.