Градинките во Центар ќе работат до 22 часот - Интересен предлог од Герасимовски

Интересен предлог кој најмногу ги засега родителите на мали деца доаѓа од кандидатот за градоначалник на Центар. 

- За првпат воведуваме бесплатно двосменско работење на градинките до 22 часот, за да им излеземе во пресрет на родителите и да им обезбедиме поголема поддршка на семејствата“. Ова денеска го најави кандидатот за градоначалник на Општина Центар и актуелен градоначалник на општината Горан Герасимовски.

Тој потенцираше дека оваа мерка е наменета за родителите на деца од предучилишна возраст кои поради своите работни обврски имаат потреба од подолга грижа и безбедност за своите деца.

Со ова мерка, се обезбедува вистинска поддршка за семејствата, со што ќе им се олесни секојдневието на родителите.

На социјалните мрежи веќе „бруи“ од коментари дека родителите ќе може да ги остават децата во градинка и да излезат на вечерно кафе. Ќе му донесе ли оваа идеја на Герасимовски глас плус од родителите?