Градинката во Инџиково ќе ги отвори вратите за дечињата кон крајот на септември - најави Стефковски

Градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски во објава на Фејсбук сподели дека градинката во Инџиково наскоро ќе ги отвори вратите за дечињата.

„Денес направив увид на градежните работи за изградба на новата детска градинка која се гради во Инџиково. Во мометов на терен се реализираат активности за партерно уредување на дворот по што ќе следува и поставување на опремата и согласно динамиката очекувам кон крајот на септември да ја пуштиме во употреба и оваа нова детска градинка“, истакна Стефковски.

Вредноста на договорот за изградба на оваа градинка изнесува 47.500.000 денари – средства обезбедени од Министерството за социјална политика, демографија и млади.

Градинката има сместувачки капацитет за 48 дечиња - 36 деца на возраст од 2–6 години и 12 дечиња во јасли.

Градоначалникот посочи дека греењето било решено со топлотни пумпи.

Инаку објектот располага со три занимални, кујна, помошни технички простории, простории за администрација, како и мултифункционален простор за активности.