Градинката „Виножито“ во Бардовци наскоро започнува со работа

Од Општина Карпош известуваат дека градинката ,,Виножито“ на ул. Новопроектирана Собирна улица, бр.13 во населбата Бардовци, се подготвува за отпочнување со работа. Од  тие причини во тек е прием на деца.

Родителите можат да ги добијат сите информации во ЈОУДГ ,,Распеана Младост“  (матичен објект) на ул. ,,Руѓер Бошковиќ, бр.6“ во населбата Карпош 1 од 08:00 до 15:00 часот.

Исто  така, информациите ќе ги добијат и во новиот објект ,,Виножито“ во Бардовци, секој работен ден од понеделник до петок од 08:00 до 12:00 часот.