Градинката „Кочо Рацин“ во Центар ќе добие прочистувачи на воздух

Општина Центар на денешната вонредна седница донесе одлука за прифаќање донација на прочистувачи на воздух за градинката „Кочо Рацин“.

Шест прочистувачи се наменети за објектот „Бели Мугри“ и шест за објектот “Наум Наумовски – Борче“.

„Оваа донација од Ротари клубот Скопје – Камен Мост е повеќе од добредојдена бидејќи со ова значително ќе се подобри квалитетот на воздухот и ќе се намали риззикот од заболување на дишните патишта на децата“, рече градоначалникот на општина Центар, Саша Богдановиќ.

Советниците едногласно донесоа одлука за прифаќање на неповратна финансиска помош од министерскиот совет на Република Бугaрија во износ 135.000 евра за подобрување на енергетската ефикасност на ООУ „Димитар Миладинов“ Скопје.

Поради лошата состојба во која се наоѓа училиштето и фасадата која се одронува и е опасност за децата, градоначалникот Богдановиќ се обрати со барање до министерскиот совет за доделување на неповрана помош.