Градиме по план, дали е автобуска или е велосипедска патека? (фото)

Во скопската населба Пинтија, поставена е автобуска постојка врз велосипедска патека. Но, наместо да ја поместат автобуската, ЈСП и Град Скопје ги имаат обоено знаците кои ја обележуваат патеката.

Ако велосипедистите ја следат патеката наменета за нив, замислете го хаосот кој би настанал и дилемата пред која ќе се најдат – да му дадат предност на автобусот или да си тераат по свое, ризикувајќи да ги „прегази“.