Градежно лето во Бутел: Ќе се асфалтираат улици, ќе се градат плоштади, игралишта...

Градоначалникот на Општина Бутел, Дарко Костовски најави градежни активности во општината во текот на летото.

- Ќе асфалтираме нови 25 улици од кои 5 главни клучни сообраќајници кои се под надлежност на Општина Бутел. Наскоро ќе почне да се уредува речното корито на реката Серава во Радишани, во должина од 1.500 метри, што ќе биде носечки проект во ова градежно лето, најави Костовски.

Костовски најави изградба и на нов плоштад, како и нови спортски рекреативни центри.

- Ќе изградиме нов плоштад „Слобода“, а ќе поставиме и ново лед осветлување. Исто така, ќе се градат нови спортско рекреативни центри во населените места Љуботенски Пат и Бутел 1 на улица „Бетовенова“, но и ново фудбалско игралиште со вештачка трева од затворен тип, вели градоначалникот на општина Бутел.

Општинското основно училиште „Панајот Гиновски“ ќе добие нова фасада, додека се планира и надградба на општинското основно училиште „Ацо Шопов“.