Екипите на ЈП „Комунална хигиена“ отстранија десет вреќи со градежен отпад исфрлени во контејнерите на улицата Лондонска, во скопската општина Карпош.

Oтпадот којшто се создава при извршувањето на градежните активности или реновирањето нa живеалишта или деловните објекти, не смее да се одлага во контејнерите поставени на јавни површини.

Апелираме до граѓаните совесно да постапуваат со својот градежен отпад, истиот да не го исфрлаат ниту на јавните површини, затоа што на тој начин се создаваат диви депонии коишто ја загадуваат животната околина.