Градежни работи на улица 95 во село Волково

Се поставуваат  бехатон плочки на два крака од улица 95 во село Волково на површина од 950 метри квадратни. Со тоа се олеснува пристапот до домовите на жителите на овие улици, за кои претходно, со години наназад, не се нашло соодветно решение.

Истовремено поставен е и тампон на три крака од улицата кој покрива површина од 1000 метри квадратни.

Во текот на летото соодветно ќе биде третиран и останатиот дел од  краците на улицата 95 откако ќе се изведе канализационата мрежа чиј инвеститор е Министерството за транспорт и врски.