Градежни објекти кои Град Скопје планира да ги реконструира во 2019 година

Град Скопје денеска /12.02.2019 година/ испрати допис до сите државни институции, претпријатија и поголеми компании каде што се наведени сите сообраќајници и објекти на кои се предвидени градежни активности во 2019 година.

Како што најави градоначалникот Шилегов, Градот Скопје ќе донесе нов правилник за издавање дозволи за вршење прекопи на улиците, и во иднина ќе има заострени критериумите за добивање дозвола за вршење прекоп на улиците, повисоки критериуми за начинот на кој ќе се вршат овие прекопувања, како и скратени рокови за завршување на градежните активности.

Во дописот Град Скопје ги потсети државните институции, претпријатијата и компаниите дека  по завршувањето на градежните работи на објектите нема да бидат дозволени попречни и надолжни прекопи на сообраќајницата во наредните 3 години, сметано од денот на технички прием на објектот. Поради овие причини, доколку постои потреба од поставување на некакви инсталации или друг вид на градежни интервенции на посочените сообраќајници, потребно е да се поднесе барање до Град Скопје со цел координирање на понатамошните активности.

Во прилог ја објавуваме листата на градежни објекти кои Град Скопје планира да ги реконструира во 2019 година