Градежни активности во Ѓорче Петров: Се асфалтира улица 1600

Градоначалникот на општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски преку Фејсбук информира дека се асфалтира улица 1600.

Улицата е долга 800 метри и широка 4 метри и се реконструира со средства на општина Ѓорче Петров.

-Со жителите на улицата неодамна остварив средба на која ги уверив да бидат безгрижни во однос на брзото постапување од страна на општината. Тие конечно добиваат целосно реконструирана улица на која денеска стартувавме со работа, информира Стојкоски.