Градежна офанзива во Бутел: Комплетно асфалтирана една улица

Во скопски Бутел се асфалтираше и заврши реконструкција на улицата 1559. Ова е улица која е од големо значење за жителите и го поврзува цело населено место, велат надлежните од општината. 

- Улица 1559 е во должина од 500 метри и 1750 м2. Продолжуваме со големата градежна офанзива. Инвестираме над 150 000 000 денари во реконструкција на 70 улици. Се подобрува патната мрежа во сите населени места. Градежнто офанзива е со силна динамика. Ветувањата кон граѓаните се реализираат! - порача од терен градоначалникот Дарко Костовски. 

Како што рече, продолжуваат во останатите населени места кои што се опфатени со оваа градежна офанзива.