Градежна офанзива: Градителите навалија на Карпош и Центар

По неколкумесечно затишје, повторно градежна офанзива во најатрактивните скопски општини, Карпош и Центар.

Во февруари во Карпош се издадени одобренија за изградба на 158 станови, за разлика од јануари кога биле издадени само за три.

Истиот месец во Центар е дадена дозвола за 104 нови станови, откако во јануари немало ниту за еден.
Податоците на Државниот завод за статистика за одобренијата за градење во февруари годинава покажуваат дека по неколку месеци затишје, кога некои скопски општини донесоа и мориториуми за градба на нивната територија, сега живнува станоградбата не само во Скопскиот туку и во Југоисточниот, а донекаде и во Југозападниот регион. Во останатите владее големо затишје.

Така, во јануари градежниците обезбедиле одобренија за да изградат вкупно 233 станови низ државата. Во февруари нивниот број е речиси трикратно зголемен, на 610.

Во Скопскиот регион во јануари почнале да се градат само 75, додека во февруари 291 стан, што е половина од вкупниот број што се градат низ државата. Вардарскиот и Источниот регион и понатаму слабо го подновуваат станбениот фонд. Во овие два региона во февруари се извадени градежни дозволи за изградба на вкупно 10 станови, од кои во Вардарскиот шест и тоа половина од нив во Велес, а во Источниот четири и тоа три во Делчево, а само еден во Штип.

Во Североисточниот регион, пак, е дадено само едно одобрение и тоа за стан во Куманово. Слаб е интересот за градење станови и во Пелагонискиот регион. Таму во февруари е одобрена градба на седум станови во Битола и два во Ресен. Интензитетот на изградба е намален и во Полошкиот регион, каде има одобренија за градење на 50 нови станбени објекти, главно куќи во неколку села.

Од вкупно 610 за кои во февруари се издадени одобренија за градењениз целата држават, секој трет, или 236 се со две соби. Следуваат трисобните – 177, па четирисобните кои ги има 98.

Со осум и повеќе соби е само еден, а со седум два стана. Има и 57 еднособни станови, 98 со четири, 23 со пет и 16 со шест соби. Во Скопскиот регион најбројни се трисобните станови. Од вкупно 291 такви се 102. Во градба се и 96 двособни, 43 со четири и 39 со една соба. Во Скопските општини се градат и девет стана со пет и три со шест соби.

nike air max 1 sale