Градежен работник паднал од висина во Карпош откако му се слошило

Вчера во 17:45 часот во СВР Скопје, од Градската општа болница „8 Септември“ во Скопје било пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди бил донесен А.К.(49) од село Студеничани, се наведува во полицискиот билтен.

Според пријавеното, околу 15:00 часот, додека извршувал работни задачи во објект во изградба на подрачјето на Карпош, му се слошило и паднал од висина.

За настанот се известени јавен обвинител и трудов инспектор.